Женскиот фудбалски клуб Борец и оваа година е топовско месо за противниците во Втората женска фудбалска лига. Младите девојки на Борец, на вчерашниот натпревар кој се одигра во Велес загубија од лидерот на табелата ЖФК Кочани со високи 1:16.
Содржината продолжува под рекламата
За издвојување е податокот дека поранешната репрезентативка на Македонија, Афродита Салихи постигна неворојатни 11 погодоци. Стрелец на едниствениот погодок за домашната екипа беше Александра Пешова.
Содржината продолжува под рекламата
По четири одиграни кола фудбалерките на Борец се последни на табелата со негативна гол разлика од минус 34 погодоци, и само три постигнати гола. Следното коло велешанки гостуваат во Радовиш кај екипата на Плачковица.
Можеби ќе ве интересира: