Само кај двајца велешани во моментов е присутен коронавирусот, вкупно се регистрирани 18 нови случаи во изминатите 24 часа

Infektivno oddelenie Veles
Infektivno oddelenie Veles

Министесртвото за здравство информира дека во изминатото деноноќие не е регистриран ниту еден заразени велешанец со ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Од направени 2.411 тестирања ширум земјава, се регистрирани 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.

Agria

Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.

Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (61г), починато во болнички услови.

Досега во Македонија се направени вкупно 823.776 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: