СДСМ добри нов лидер, Димитар Ковачевски убедливо победни вонредните внатрепартиски избори

dimitar kovacevski

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ. Избран е денеска на вонредните внатрепартиски избори со 37.649 гласови од членството.

Zito akcija 640x289px

Другите двајца кандидати беа Јован Деспотовски кој освои 3.319 гласа и Фросина Ременски која доби 2.836 гласа. Неважечки беа 602 ливчиња.

Agria

Ковачевски доаѓа на местото на Зоран Заев кој беше лидер на СДСМ од 2013 година и кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.

Ковачевски е актуелен заменик министер за финансии. На премиерот Зоран Заев му беше фаворит за негов наследник. Новиот лидер на СДСМ, а веројатно и премиер, има долгогодишен стаж во партиските редови, подолг од многумина од најекспонираните партиски функционери во последните неколку години, уште од своите студентски години.

Димитар Ковачевски е роден 1974 година во Куманово. Доктор е на економски науки и вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ колеџ – Скопје.  Работната кариера ја почнал во Македонски телеком АД Скопје, а потоа напредувал на повеќе менаџерски позиции.

Во својата професионалната кариера Ковачевски работел на низа корпоративни проекти за интеграција на деловни процеси заради зголемување на ефикасноста и профитабилноста на компаниите, дел е од проектните тимови за имплементирање на SAP интегриран систем за управување со материјалното и финансиско работење и CRM интегриран систем за управување со клиенти, како и од воспоставувањето високотехнолошка стартап компанија за производство и развој на елементи за производство на електрична енергија од обновливи извори (2018-2020).

Средното образование го завршил во Вотервил Елизиан Мористаун гимназијата во Минесота, САД. Во 1998 година дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ каде и магистрирал во 2003 година. Докторските студии по економија ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година. Поминал и стручно усовршување на Школата за бизнис на Харвард универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот универзитет во Минхен каде стана ЕФЕР ЕЕЦ алумни, на Ротердам школото за менаџмент при Еразмус универзитетот во Холандија  и  ЕАДА Бизнис школата во Барселона.

Можеби ќе ве интересира: