Мицкоски, кој шест пати беше поразен на избори во последните четири години не сфаќа дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, кои ја блокираат помошта за граѓаните и фирмите, кои го поткопуваат здравствениот систем во време на пандемија, кои прават опструкции на евро-атлантската интеграција на државата, кои не гласаат стратегија за борба против корупција, кои ги делат луѓето по сите основи и внесуваат страв и омраза“, стои во партиското соопштение на СДСМ во во врска со денешниот протест кој го организира опозицијата.
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш докажуваат дека се за одбрана на насилство, за одбрана на обидите за државен удар, за одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Според нив, зад протестот за одбрана на лица осудени за тероризам, кои на крвавиот четврток, на 27 април 2017 инспирирани од ВМРО-ДПМНЕ, жедни за крв, со оружје упаднаа во Собранието, стои нивниот почесен претседател, осудениот бегалец од правдата Никола Груевски.
„Христијан Мицкоски е само извршител на волјата на неговиот ментор од Будимпешта.
Единствена задача на Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните ниту до државата.
Можеби ќе ве интересира: