СДСМ: Носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ Зоран Љутков до пред еден месец бил жител на Скопје?

Дали носителот на листата за советници од ВМРО ДПМНЕ за Велес, Зоран Љутков до пред еден месец бил жител на Скопје, праша денеска Кирил Гајдов, кандидат за член на Совеот на Општина Велес од коалицијата на СДСМ. Гајдов го праша Љутков, дали од 2008 година има живеалиште во Скопје и дали било точно дека од 2008 година по личната карта бил скопјанец, а на 3 септември, годинава, ја променил со адреса во Велес, само за да биде носител на Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Дали е точно дека и вашите деца се запишани во училишта во Скопје? Точно ли е дека дури и колата која ја возите е со скопски регистарски таблички? Доколку сѐ ова е точно, тогаш редно е да ја напуштите улогата на глумец, и да им објасните на велешани, како, во ситуација кога плаќате даноци во Скопје, мислите дека тие ќе ви веруваат дека ваш интерес ќе биде развојот на Велес, дека, ваш интерес ќе биде развојот на велешката економија, во ситуација кога вие и вашата сопруга работите во Скопје, дека, ваш интерес ќе биде развојот на училиштата и градинките во кои учат велешките деца, кога вашите деца учат во Скопје, дека, вие ќе се залагате за асфалтирање на велешките улици, кога и вашата кола ја регистрирате во Скопје“, праша Гајдов.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За Гајдов ова е доказ дека ниту на носителот на листа, ниту на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ  им бил важен развојот на Велес и подобрувањето на животот на сите велешани и дека тоа преставувало, како што рече, продолжување на потценувањето на интелегенцијата и меморијата на граѓаните на Велес.

Содржината продолжува под рекламата

„Ова е потврда, дека вие сте истите грумци, заинтересирани само за остварување на личниот интерес. Нешто, за што сте спремни безобразно да лажете и манипулирате, служејќи се со истите пропагандни техники, промовирани од вашиот ментор Груевски. Но, велешани се мудри луѓе. Секогаш знаеле да застанат на вистинската страна“ рече Гајдов.

За овие наводи на Гајдов, носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ Зоран Љутков најави тужба, но и одговор на поставените прашања. Сепак, иако побаравме, до овој момент, до нашата редакција не пристигна став на носителот Љутков.

https://www.facebook.com/sdsmveles/videos/265347592131153

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24319/vo-veleshkiot-kovid-czentar-hospitalizirani-44-paczienti/