СДСМ: Нов скандал во ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски на иста маса со лице од Грчец уапсено за трговија со дрога

SDSM
SDSM

„После фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, нов скандал. Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога“, соопшти СДСМ.

Zito akcija 640x289px

„Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра.

Agria

На фотографијата е и блискиот соработник на Мицкоски, Антонио Милошоски. Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога?

Многу бело се насобра околу ДПМНЕ. Пукаат скандали тоа со дрога секој ден. Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин. Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: