Велешкиот огранок на СДСМ остро реагира за вчерашниот немил настан откако непосредно по заминувањето на вработените, се урна дел од зградата на Работнички универзитет во Велес. Велешките опозиционери на својот официјален фан пејџ тие упатија низа прашања до градоначалникот Марко Колев.
„Дали е започнато со рушење на постоечки објект без соодветна документација за отстранување на градба за која е издадено ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА од страна на градоначалникот? Доколку ова е така, дали од страна на Овластениот градежен инспектор и ГРАДОНАЧАЛНИКОТ се превземени дејствија за запирање на градежните активности за рушење на објектот кои се извршени без потребната документација за отстранување? Надлежен орган за вршење на надзор врз ваквите градежни активности е овластениот градежен инспектор при Општина Велес кој е под контрола на Градоначалникот! Дали градоначалникот Марко Колев бил свесен за последиците кои би можеле да настанат со оглед на тоа што објектот е “лепенка“ со Работничкиот Универзитет и со уште некои други објекти?“, се вели во партиската реакција на СДСМ.
Од таму додаваат дека барањето за одобрение за градба било старо неколку години и досега не било реализирано се до доаѓањето на сегашниот градоначалник Марко Колев.
Инцидентот се случи вчера во 15.50 во период кога во зградата немало никој, па за среќа нема ниту жртви ниту повредени. На терен веднаш излегоа екипи на противпожарната бригада и полицијата и се изврши увид на местото на несреќата.
Дали причина за уривањето на зградата е можеби уривањето на куќа во непосредна близина на Работнички универзитет, ископите кои се прават на улица или нешто сосем друго, ќе покаже истрагата.
Moжеби ќе ве интересира: