СДСМ застанува зад Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ зад Силјановска Давкова

Владеачката СДСМ на претстојните претседателски избори повторно ќе застане зад Стево Пендаровски, дознава ТВ Телма од избори во партијата. Според нив, на состанок на раководството на попладнево било одлучено да се поддржи актуелниот претседател за втор мандат, дознава телевизија Телма.

Zito akcija 640x289px

Според Телма, извори од партијата брифираат дека предлогот за Пендаровски во наредните денови ќе се најде и пред членовите на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ, а по најавените средби со коалициските партнери, е планирана и официјална конвенција за негова промоција на 3 март.

Agria

Гордана Силјановска Давкова, пак, ќе биде претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа, според извори во партијата, била единствена која се пријавила на огласот кој бил отворен до попладнево во 17 часот.

Извор на веста: ТВ ТЕЛМА

Можеби ќе ве интересира:

Силјановска учествуваше и на последните претседателски избори во 2019 година на кои победи Стево Пендаровски. Дали Силјановска по вторпат ќе влезе во претседателската трка, ќе се знае по партиската конвенција на 2 март, кога постои можност и друг кандидат да биде предложен од делегатите.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) најави дека утре ќе го соопшти својот кандидат, а дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека тоа ќе биде Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи.

Во претседателската трка влегува и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимoски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: