За сите македонски и странски граѓани кои влегуваат и излегуваат од земјава, ќе се бара ПЦР тест, доказ за прележаност или вакцинална потврда на граница, најави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.
Оваа мерка била дискутирана на кризниот штаб утринава а ќе се најде на владина дискусија утре. Ќе се извести дополнително од кога ќе почне да важи оваа мерка, а за нејзината имплементација клучно било тоа што голем дел од граѓаните се надвор од државата на одмор.
Нови посебни мерки за Тетово засега не се планираат, а Комисијата за заразни болести разговарала да се намали работното време на објектите и намалување на капацитетите во автобусите.
Можеби ќе ве интересира: