Се намалува бројот на активни случаи во Велес

Veles nov most Fevruari

Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани нови 19 случаи на ковид-19. Оздравени се 30, а едно лице на 83 годишна возраст е починато. Бројот на активни случаи во Велес е 667.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2. 

Agria

Регистрирани се 765 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45г, 52г , 57г, 58г, 60г, 61г, 62г, 63г, 63г, 65г, 68г, 68г, 69г, 76г, 77г, 81г, 82г, 82г, 82г, 82г, 83г и 89г), 3 починати лица од Берово (71г, 72г, и 78г), по 2 од Кавадарци (61г, и 82г), Битола (53г и 73г), Прилеп (58г и 78г), Куманово (45г и 66г), Тетово (72г и 78г), Радовиш (60г и 70г), Струга (68г и 92г) и Охрид (49г и 72г) и по 1 лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г).

Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови. Од нив 15 лица се починати во тек на март месец во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20193/dragi-rashkovski-odi-vo-30-dena-vo-pritvor-vo-shutka/