Се намалува бројот на активни случаи во Велес, денес повеќе оздравени од новозаразени

veles-avgust-2021
veles-avgust-2021

Во денешната ковид статистика на Министерството за здравство регистрирани се пет нови случаи на ковид-19 во Велес. Оздравени се 10, а регистрирани се и два смртни случаи oд компликации од вирусот. Бкупниот број на активни случаи во градот е 240.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 317, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга – по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово – по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7, Штип и Дебар – по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5, Кочани и Гевгелија – по 4, Виница и Демир Хисар – по 2, Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти, пријавени се 32 починати лица: 9 починати лица од Скопје (88г, 78г, 71г, 69г, 68г, 66г, 61г, 53г и 42г), 4 починати лица од Куманово (84г, 70г, 63г, 58г), по 3 починати лица од  Гостивар (71г, 71г и  41г) и Тетово (88г, 82г и 82г), по 2 починати лица од Велес (80г и 72г), Свети Николе (73г и 53г) и Штип (56г и 33г) и по едно починато лице од  Кичево (75г), Охрид (62г), Струга (80г), Дебар (83г), Струмица (70г), Прилеп (65г) и Македонски Брод (61г). Од пријавените 28 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: