Отварање натерасите на угостителските објекти од понеделник, со посебни мерки, како и продолжување на работата на продавниците до 22 часот, донесе одлулука кризниот штаб на Србија
„Ја анализиравме епидемиолошката состојба во Србија. Сè уште е вонредна. Одлучивме од понеделник да се овозможи работа на угостителски објекти кои имаат можност за работа на отворено, под услови што ќе ги прецизираме со епидемиолозите и ќе ги откриеме најдоцна в недела. Викендов ќе разговараме за трговските центри и ќе се обидеме да најдеме решение“, изјави Зоран Гојковиќ.
Гојковиќ рече дека ако повторно порасне бројот на вакцинирани граѓани, мерките и забраните ќе се ублажуваат сукцесивно.
Според него, повеќе од 25 проценти од возрасните граѓани ја примиле првата доза на вакцината, а над милион граѓани, што е 18,6 проценти, ја примиле втората доза.
Во последните 24 часа во соседна Србија биле тестирани 16.910 лица на коронавирус, од кои 4.826 биле позитивни, а починале 39 лица, а во во моментот има 299 пациенти на апарати за дишење, а 7.641 пациент во болниците.
Бројот на смртни случаи е 5.384.
Можеби ќе ве интересира: