Се одложи првото рочиште за неовластено снимање на поранешната специјална обвинителка

Boki13
Boki13

Бојан Јовановски се уште се наоѓа во болница по операцијата на желудникот минатата недела. Тој во моментов е во болничкото одделение во болницата Св.Наум Охридски, поранешна градска болница.

Zito akcija 640x289px

Тоа е и причината што денеска тој по повеќе од три месеци не се соочи во судница со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Денеска заедно требаше да бидат на спротивните страни во судницата наместо заедно на обвинителна клупа како што јавноата ги гледаше во случајот Рекет.

Agria

Инаку, поранешната специјална обвинителка Јанева од пред неколку дена е префрлена во родниот град Гевгелија, каде што во својот дом го издржува куќниот притвор што ѝ е определен во случајот „Рекет”, каде што со неправосилна пресуда доби 7 години затвор.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски поради фотографијата на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски. Истата беше презентирана како доказ во предметот „Рекет” по вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: