Економскиот директор Артан Етеми немал уредна покана, поради што не дојде на првото судење за изгорената модуларна болница во Тетово. Расправата експресно се одложи за средината на месец октомври, по десетина минути од почетокот. Освен него не беше присутен и дежурниот доктор, Бобан Вучевски обвинет во случајот. Тој имал работни обврски.
Судијата Јордан Велковски, рече дека до следното рочиште, сите обвинети ќе можат да си направат и увид во доказите, за да нема нови одлагања.
“Се што имам да кажам ќе кажа пред судот. Јас сум убеден дека судскиот систем ќе ја докаже вистината”, рече Бесими пред судот потенцирајќи дека сака новинарите да го следат случајот до крај.
Прашан дали чувствува вина рече: „Тоа ќе го кажам во судот, не”.
Ексдиректорот на болница Флорин Бесими, раководно лице во болницата и дежурниот доктор се обвинети за пожарот во тетовската модуларна болница, каде 14 лица загинаа.
Тетовското обвинителството поднесе обвинителен акт, а се гони и правното лице, односно Општата болница-Тетово. Директорот Бесими и раководното лице Етеми кои се прво и второ обвинет се гонат дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност. Докторот се гони дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи во време на епидемија. Според обвинителството, директорот и раководителите се виновен поради немање на системите за противпожарна заштита. Докторот, затоа што дозволил да влегуваат роднини таму каде се лекувале болни од коронавирус, што беше забрането.
Страотниот пожар кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово, со себе однесе и 14 животи на пациенти кои се лекуваа од коронавирус, но и членови на семејствата кои биле внатре во критичниот момент. 14 лица, беа спасени пред објектот целосно да изгоре.
Обвинителниот предлог е поднесен по десет месец по покренатата истрага. На 5 октомври, Обвинителството објави извештај за причините за пожарот и информираше дека се започнало во моментите кога лекарскиот тим ја започнал реанимацијата на пациентка болна од КОВИД-19, при што се случил краток спој на продолжен кабел.
Можеби ќе ве интересира: