Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 99. Од нив, 90 имаат потврдени позитивни тестови, шест пациенти се сомнителни на вирусот, и тројца имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 49 пациент. На инфективното оддееление има 54 пациенти, на интерното пет и во Модуларната болница се лекуваат 40 пациенти.
Испишан е еден пациент како оздравен со еден со негативен тест.
Од болницата известуваат дека е почината 79 годишна пациентка од село Мустафино откако бил лекувана во Модуларната болница три дена.
Можеби ќе ве интересира: