57-годишен кавадарчанец е повреден вчера на своето работно место во кавадаречка компанија. Чистејќи ја машината на која работел, тој се лизнал и паднал, па се здобил со повреди.
„Во ОВР Кавадарци вчера во 16:30 часот било пријавено дека во ЈЗУ ОБ Кавадарци бил донесен Љ.Н. (57), вработен во една кавадаречка компанија. Тој додека ја чистел машината на која работел се лизнал, по што се здобил со телесни повреди“, соопшти полицијата.
Од СВР Велес денеска информираа дека за настанот е запознат трудов инспектор и се преземаат мерки за негово расветлување.
Можеби ќе ве интересира: