Општина Велес почна да го испитува подземјето на паркингот пред судот во центарот на Велес. Со помош на специјализирана дупчалка се земаат делови од земјените слоеви во длабочина од 7 метри, за да се испита какво е тлото. Ова се почетни активности во проектот за изградба на подземна паркинг гаража.
Според проектот кој го промовираше Општина Велес, планирано е да се уреди централното градско подрачје и на местото на сегашниот паркинг пред судот, да се изгради плоштад, а под него подземна гаража, инвестиција вредна 700 илјади евра.
Сепак, ова нема да го реши проблемот со недостигот на паркинг места во Велес. Општината најави дека планира да изгради катна гаража на местото на паркингот кај автобуската станица, кој со пешачки мост треба да биде поврзан со мостот „Гемиџии“.
Можеби ќе ве интересира: