Се урна авион во близина на грчкиот град Кавала

Околу 23 часот по локално време синоќа се урна авион во близина на грчкиот град Кавала, а според првичните неофицијални информации авионот се запалил, но нема информации дали станува збор за патнички или карго авион, јави дописничката на МИА од Атина.

Zito akcija 640x289px

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека интервенираат 15 пожарникари со седум возила, а на местото каде што падна авионот пристигнуваат спасувачки екипи.

Agria

Според првичните информации се работи за украински карго авион Антонов, што летал од Србија кон Јордан и побарал дозвола принудно да слета на локалниот аеродром, но не успеал да стигне до него.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31256/sobranieto-go-izglasa-franczuskiot-predlog-opoziczijata-ja-napushti-sedniczata/