Локомотива од товарен воз на ЈП „Македонски железници“ се запалила вчера попладне во близина на железничката станица во Велес. Од ЦУК информираа дека интервенирале противпожарни екипи, а железничкиот сообраќај на пругата извесен период бил во прекин. Во пожарот нема повредени лица.
„Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз. Притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни апарати“, се наведува во известувањето од ЦУК вчера.
Можеби ќе ве интересира: