Еден новозаразен од Ковид 19 во Велес во последните 24 часа регистрираше Институтот за јавно здравје. Во Македонија регистрирани се вкупно 62 новоинфицирани. Најмногу во Скопје 24-ца, Штип 14, Тетово 12, Струга четири, Гостивар три, Куманово два, Валандово и Кочани по еден случај.
Регистрирани се и 17 оздравени пациенти, а во истиот перид починати се и двајца пациенти, од Гостивар и Струга.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.