Се зголемува цената на мазутот

benzini tocenje
benzini tocenje

Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ поскапува за 1,183 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,574 денари за килограм. Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 83 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 85, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,374 отсто, кај дизелот за 1,841, кај екстра лесното масло за 2,126 и кај мазутот за 4,61 отсто.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: