Се зголемуваат цените на горивата, дизелот поскапува за три денари

benziska stanica Makpetrov
benziska stanica Makpetrov

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: