Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес се регистрирани шест нови случаи на коронавирусот, a во моментов бројката на активни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува 35.
Во ковид центарот на велешката болница денес има хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од ковид-19.
“Во ковид центарот на инфективното одделение во велешката болница хоспитализирани се седум пациентии сите се со потврден позитивн тест на ковид-19. На кислородна поддршка се тројца пациенти” соопштија од велешката болница.
Можеби ќе ве интересира: