Министерот за здравство рече дека пратениците и дел од стручните лица ќе се вакцинираат во три групи со вакцината Спутник V.
Тој исто така потенцира дека останати се уште 5000 дози од АстраЗенека и на тие ќе се придодадат 5000 дози од Фајзер вакцините што ги имаме, кои ќе бидат дистрибуирани.
„Добивме нова листа од Фајзер, кои секој понеделник ќе ни доставуваат меѓу 5 и 7 илјади вакцини, со што ќе стигнеме до вкупна бројка од 26 илјади вакцини во месец мај. Ќе бидат спремни сите училишни сали за вакцинација низ земјава“, извести Филипче и апелираше сите граѓани да аплицираат на сајтот за вакцинација.
Филипче рече дека се намалуваат болничките прегледи во ковид- центрите, верувам дека овие трендови ќе продолжат. На почетокот на наредната недела ќе зборуваме за тоа какви рестрикции ќе се воведат за време на празниците.
Можеби ќе ве интересира: