Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на земјава во ЕУ

pretstavnicki dom Amerika
pretstavnicki dom Amerika

Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис го предводат воведувањето на резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ). Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа, стои на веб-страницата на сенаторот Велч.

Zito akcija 640x289px

Предлог-резолуцијата е објавена на 8-ми март.

Agria

„Пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија ќе ја зајакне регионалната стабилност на Западен Балкан, ќе ја промовира европската кохезија и дополнително ќе го отфрли руското злобно влијание во регионот и пошироко. Понатамошното унапредување на Северна Македонија во пристапниот процес означува важна пресвртница за земја која веќе има преземено значајни чекори на тоа патување. Северна Македонија продолжува да демонстрира посветеност на демократските реформи, владеењето на правото и трансатлантското партнерство. Уверен сум дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за размена на бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Северна Македонија“, рекол сенаторот Велч.

„Горд сум што ја ко-спонзорирам оваа двопартиска резолуција, која потврдува дека иднината на Северна Македонија е со европското семејство. Откако ја пречекавме Северна Македонија во НАТО во 2020 година, време е да работиме за да му помогнеме на нашиот сојузник да ги исполни сите одредници потребни за да се постигне членство во ЕУ. По посетата на Северна Македонија со сенаторот Велч во октомври, се сретнавме со северномакедонски претставници и го препознаваме напредокот постигнат на нивната реформска агенда. САД треба да продолжат да работат со нашите северномакедонски партнери за проширувањето на Европската унија да стане реалност“, рекол сенаторот Шахин.

„Северна Македонија е вреден стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот“, истакнал сенаторот Тилис.

„Северна Македонија ја зајакна НАТО алијансата кога се приклучи во 2020 година, а нејзиниот пристап во Европската унија ќе го зајакне економскиот успех и раст низ Европа. Горд сум што ја поддржувам оваа резолуција, која ја потврдува цврстата поддршка на Соединетите Држави за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ“, додал тој.

Во изјавите, дел од сенаторите ја користат придавката „северномакедонски“, што е спротивно на Преспанскиот договор.

Според објавеното, во октомври, сенаторот Велч му се придружил на сенаторот Шахин во конгресната делегација во Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, каде што ја пренеле континуираната поддршка на САД за Балканот. Сенаторите Шахин и Велч дале забелешки на безбедносната конференција во Сараево, признавајќи ја заедничката цел на Америка со Западен Балкан во континуираната соработка кон трајна регионална безбедност, стабилност и просперитет.

Лани во август, во американскиот Сенат беше предложена резолуција да се слават македонскиот јазик, култура и историја. Иницијативата за резолуцијата ја поднесе Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.

Републиканскиот сенатор Мајк Брон јa претстави резолуцијата во американскиот Сенат, според која, септември 2023 година се прогласи за месец на македонско-американско наследство при што се славеа јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД.

Според проценките, низ САД има околу 500 илјади македонски доселеници населени во различни сојузни држави, главно во Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: