Сер Џим Ратклиф е прв фаворит за купување на Манчестер Јунајтед

man.utd tribina stadion
man.utd tribina stadion

Англиски „Сан“ пишува дека милијардерот Сер Џим Ратклиф е најсериозен кандидат за преземање на легендарниот клуб, Манчестер Јунајтед. Медиумот објавува дека актуелните сопственици, семејството Глејзер, најмногу би сакале да го продадат клубот на Ратклиф, кој доставил најконкретна понуда. 


Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Минатите неколку недели се засилија шпекулациите дека нов сопственик на Јунајтед ќе биде Шеикот Џасим Хамад Ал Тани, но новите информации го тврдат сосема спротивното и фаворитската улога му ја препуштаат на британскиот милијардер. Се претпоставува дека понудата од Ратклиф е во висина од дури пет милијарди евра, со што би станал сопственик на повеќе од 80% од акциите, а семејството Глејзер би останало како малцински акционер. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Навивачите на Манчестер Јунајтед одамна ги исвиркуваат американските сопственици и веќе неколку сезони бараат нивно заминување, а се чини дека сè поблиску е денот кога славниот клуб ќе добие нов сопственик. „Ѓаволите“ веќе цела деценија се мачат со формирање конкурентен ростер кој ќе се бори за титулата во Премиер лигата, но тоа не им оди од рака по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Се чини дека оваа сезона тимот доби стабилност со доаѓањето на Ерик Тен Хаг на кормилото, но евидентно е дека на Јунајтед му се потребни нови засилувања за да може да атакува на самиот врв во англискиот фудбал. 

Останува да видиме дали преземањето на клубот од Џим Ратклиф ќе се случи набргу и кои ќе бидат првите трансфер-потези на новиот газда. Искрените фанови на „ѓаволите“ се надеваат дека клубот нема да ја направи истата грешка како Челзи и да „фрли“ огромни средства за нови играчи, а сето тоа да се одвива плански и етапно. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: