Комисијата за заразни болести не дискутирала за носењето заштитни маски во училиштата на денешниот состанок.
Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, вели дека ставот за оваа мерка е претходно познат.
„Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка. Основната дискусија на состанокот денеска беше методологијата што ја предлагаме која ќе биде план за релаксирање на мерките и да се имаат точно одредени параметри врз основа на коишто ќе можеме да ги опуштаме мерките“, рече Мехмедовиќ.
Можеби ќе ве интересира: