Екипата на Севиља уште еднаш покажа дека е специјалист за Лигата на Европа. Шпанскиот тим во шестото финале стигна до шестата победа, совладувајќи го фавиризираниот Интер со 3-2.
Првото полувреме донесе четири гола, двата гола за Севиља беа дело на Де Јонг, а за поразените првиот гол го постигна најдобриот играч на Интер оваа година Лукаку, а вториот гол го постигна Диего Годин со кој на полувреме се замина со резултат од 2-2.
Победникот го реши Диего Карлос со атрактивни ножички во 74 минута, момент во кој Лукаку не успеа да интервенира пред голот на Хандановиќ.
Можеби ќе ве интересира: