Шефицата на Европската комисија денеска на посета во Скопје

Шефицата на Европската комисија од Скопје ја започнува турнејата низ земјите на Западен Балкан.

Zito akcija 640x289px

Првиот лидер со кој таа ќе се сретне ќе биде премиерот Ковачевски, потврдија од владината прес служба. Веднаш потоа таа ќе замине за Приштина и Тирана, а во петок ќе биде во Белград и Сараево, а следниот ден во Подгорица.

Agria

Целта на посетата на претседателката на ЕК, како што најавија од Брисел пред два дена, е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.

Како што и самата Фон дер Лајен најави минатата недела од Стразбур, еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.

Поради нејзиното доаѓање, МВР за денес и утре најави посебен сообраќаен режим и апелира граѓаните да ги почитуваат наредните од полицајците.

„СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“,велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33494/ostanuva-zimskoto-smetane-na-vremeto-v-nedela-strelkite-na-chasovnikot-odat-eden-chas-nanazad/