Шест години затвор за Никола Груевски, се бара и конфискација на партискиот имот

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доби затворска казна од шест години, а поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, доби двегодишна условна казна за случајот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на партиското седиште, познато како бела палата.

Zito akcija 640x289px

Според судската пресуда, и двајцата ги искористиле службената положба и овластувањето и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице АД „Бетон“.

Agria

Од јули 2012 година до јануари 2013 година како претседател, Груевски, иако знаел дека партијата е непрофитна организација, спротивно на Законот за финансирање на политичките партии, донел одлука да се најде инвеститор да изгради објект според неговите желби и барања, а Божиновски, постапувајќи по неговите насоки, за изградба на партиското седиште. Во тоа време фирмата АД „Бетон“ веќе имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, што е спротивно на повеќе закони.

Со ваквата постапка тие противправно прибавиле објект и имотна корист од над 132 милиона денари. Од тие пари, пак, подоцна е купуван недвижен имот во Македонија на име на партијата, и тоа во Берово, Кавадарци, Велес, Кисела Вода, Виница, Радовиш, Штип и други градови. Судот предлага конфискација на овој имот и на партиското седиште во Скопје.

Во соопштението на судската пресуда се вели дека деталната анализа на материјалите докази упатува на тоа дека одлуките донесени од органите на партијата даваат само привидна форма на законска постапка иако претходно веќе сите работи веќе биле договорени со АД „Бетон“.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/30217/dizelot-poskapuva-za-25-denari/