Поради зголемување на случаите со ковид-19 во Грција, Шкотска одлучи да ја стави земјата на таканаречената црвена листа, односно од четврток патниците кои пристигнуваат во Шкотска од Грција ќе треба да поминат две недели во карантин.
Властите на Велс претходно побараа од граѓаните што се враќаат од островот Закинтос да бидат во изолација две недели, откако беа откриени седум случаи со коронавирус на летот од островот кој слета во Кардиф на 25 август.
Можеби ќе ве интересира: