Екипата на Кеги Моби го забележа четвртиот пораз во првенството, откако вчера во салата „Гемиџии“ беа поразени од претендентот за шампионската титула, екипата на Шкупи со 7:4.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите од Скопје уште од самиот страт ја презедоа иницијативата на теренот, но први во водство дојдоа домаќините. Сепак до крајот на првиот дел скопјани дојдоа до предност од 4:3. Во вториот дел Шкупи само го зголеми водството за конечни 7:4. Еркан Сефери беше јунакот на Шкупи, бидејќи постигна три од седумте гола за гостинскиот тим.
Содржината продолжува под рекламата
По седум одиграни кола Кеги Моби се наоѓа на петата позиција со девет освоени бода, Во наредното коло Кеги Моби гостува во Кавадарци кај екипата на Црна Река.
Можеби ќе ве интересира: