
Фудбалскиот клуб Шкуп по неколкудневни разговори, постигна договор со Гоце Седлоски да го води клубот во ПМФЛ.
Тој во недела во Велес на мечот со Борец треба го има своето деби како стратег на чаирскиот тим. Натпреварот ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.
Да потсетиме, Седлоски е еден од поранешните фудбалери кои имаат сензационална кариера и на домашната и на меѓународната сцена, додека зад него има 100 настапи со репрезентацијата на Македонија.
Тој ја започна својата кариера од Победа, за подоцна да игра со хрватските екипи Хајдук Сплит и Динамо Загреб, Шефилд Венсдеј, Вегалта Сендаи од Јапонија, Дијарбакирспор од Турција, во Австрија играше во СВ Матерсбург.
Можеби ќе ве интересира: