Шолц: Пристапните преговори треба да започнат и јас ќе се заложам за тоа

Германија е сериозна за евроинтеграцијата на државите од регионот, а ова особено важи за Северна Македонија, рече германскиот канцелар, Олаф Шолц, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Како што нагласи тој, ЕУ кон Северна Македонија има дадено ветување, а земјата ги исполнила сите предуслови за почеток на пристапните преговори. Германскиот канцелар истакна дека лично ќе се заложи да се случи следниот чекор.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Пристапните преговори треба да започнат и јас ќе се заложам за тоа. Ја охрабрувам Северна Македонија да продолжи ангажирано по патот на реформите“, рече Шолц.

Содржината продолжува под рекламата

Билатералните односи меѓу двете земји ги оцени не само како политички, туку и економски, разновидни и блиски. Тоа, како што кажа, е плус причина зошто Германија ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: