Шпански експерт смета дека маски треба да се носат и дома

maska_doma
Koronavirus lugje so maski

Маски треба да се носат дури и дома, ако сте со луѓе со кои не живеете, изјави денеска здравствениот функционер од регионот на Мадрид, Енрике Руиз Ескудеро, иако призна дека не постои начин да се спроведе таква препорака.

Zito akcija 640x289px

Шпанија веќе има најстроги европски правила за маски, во Мадрид тие се задолжителни секаде на јавни места, освен ако луѓето се надвор и можат да држат метар и половина растојание.

Agria

Во повеќето делови на земјата, маските мора да се носат на јавни места, без оглед на безбедно растојание, но одлуки за носење маски дома не се донесени.

Од претпазливост, препорачуваме да носите маски на приватни простори кога има состаноци или собири на луѓе кои не живеат заедно, рече Ескудеро на прес-конференција.

Сметаме дека тоа е важно, со оглед дека повеќето жаришта се случуваат на семејни или пријателски состаноци или на прослави на луѓе кои не живеат заедно, посочи тој.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: