Штрајк на неколку аеродроми во Германија, откажани 351 лет

sofija aerodrom
sofija aerodrom

Четири германски аеродроми ќе работат со намален капацитет в понеделник, а 351 лет ќе бидат откажани поради планираниот 24-часовен штрајк на персоналот задолжен за безбедносната контрола, соопшти вчера синдикатот Верди.

Zito akcija 640x289px

Очекуваме подолги чекања и откажувања на летови, велат од синдикатот, кој апелира за поддршка на нивните барања за повисоки плати и подобри работни услови.

Agria

Ќе бидат откажани 351 лет од Берлин, Бремен, Хамбург и Хановер, што ќе влијае на речиси 100.000 патници, соопшти здружението на аеродроми АДВ. Неговиот главен извршен директор, Ралф Бејзел, ја осуди „злоупотребата“ на синдикатот бидејќи аеродромите едвај закрепнуваат од „најдлабоката криза во авијацијата“.

Синдикатот Верди вели дека „да се работи 24 часа дневно, седум дена во неделата, негативно се одразува на семејниот живот“: „Условите за работа мора да станат поприфатливи за да може доволно луѓе да се занимаваат со оваа работа“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: