
Прволигашот од Кратово беше преголем залак за велешките фудбалери. На генералката пред стартот на прволигашката сезона, Силекс во Кратово го победи Борец со резултат 5:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините поведо во 17 минута од натпреварот преку Леонид Игнатов. На 2:0 зголеми Даре Ангелески во 34 минута од натпреварот, а со голот на Марко Ѓоргиевски во 44 минута се замина на одмор со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
На стартот од вториот дел во 48 минута на 4:0 зголеми Леонид Игнатов со неговиот втор погодок, а конечниот резултат го постави Никола Брауновиќ во 69 минута од натпреварот.
Вторат фудбалска лига стартува на 17 август, а денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се извлечат паровите за новата сезона.
Можеби ќе ве интересира:
- Мицкоски: Заврши времето кога администрацијата беше политички плен, следува департизација
- СДСМ Велес: ВМРО-ДПМНЕ треба да ја признае својата неспособност за водење на државата
- Ново сведоштво за убиецот на Росица: Поранешната девојка пред 12 години го пријавила во полиција – се заканувал дека ќе ја убие нејзината сестра
- Нов случај на телефонска измама во Чашка, 74-годишен маж остана без 14.000 евра
- Ракометниот клуб „Гемиџии“ го започнува своето натпреварувачко деби во Пионерската лига