
Прволигашот од Кратово беше преголем залак за велешките фудбалери. На генералката пред стартот на прволигашката сезона, Силекс во Кратово го победи Борец со резултат 5:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините поведо во 17 минута од натпреварот преку Леонид Игнатов. На 2:0 зголеми Даре Ангелески во 34 минута од натпреварот, а со голот на Марко Ѓоргиевски во 44 минута се замина на одмор со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
На стартот од вториот дел во 48 минута на 4:0 зголеми Леонид Игнатов со неговиот втор погодок, а конечниот резултат го постави Никола Брауновиќ во 69 минута од натпреварот.
Вторат фудбалска лига стартува на 17 август, а денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се извлечат паровите за новата сезона.
Можеби ќе ве интересира:
- Сончево и топло, попладне нѐ очекува пороен дожд и грмежи
- Трамп од денеска испраќа писма со нови царини до трговските партнери
- Инфлацијата во јуни 2025 изнесува 4,5% на годишно ниво, најмногу поскапеле транспортот и храната
- Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар
- На ГП Табановце се чека до половина час