Силен земјотрес утринава ја погоди Хрватска

Zemjotres Hrvatska
Zemjotres Hrvatska

Утрово околу 7:00 часот земјотрес со јачина од 5.0 според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска. Првиот потрес бил во 7 часот и 49 минути, а потоа и вториот во 7 часот и 51 минути, со интензитет во епицентарот од 7 и 6 степени според ЕМС скалата.

Zito akcija 640x289px

Епицентарот на новите потреси бил на длабочина од 10 километри, 44 километри јужно од Загреб и 11 километри југозападно од Сисак. Првиот земјотрес се случил кај Петриња, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Agria

Засега е причината е само материјална штета во Петриња и Сисак. Испукани се неколку ѕидови на домови, оштетени неколку кровови од куќи.

Шефицата на Сеизмолошката служба на Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак.

Во март, земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб, при што загина еден, а повредени беа 27 луѓе.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: