Силјановска Дафкова од Велес: Умот треба да победи

Кандидатката за претседател на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова синоќа во спортската сала Гемиџии имаше свое обраќање пред нејзините поддржувачи, истакнувајќи ја важноста на изборот што ќе го направат граѓаните на 24 април и на 8 мај.

Zito akcija 640x289px

„Како многупати досега еден иден иден ден сите нас ќе не прашаат каде бевте кога Македонија исчезнуваше дел по дел и во тој процес до степен на непрепознавање. Затоа мислам дека сте на правото место и мислам дека јас донесов добра одлука и мислам дека таа одлука најпрво ќе се реализира на 24 април, а на 8 мај уште повеќе ќе се потенцира“, порача Силјановска Давкова.

Agria

Таа рече дека претседателот Пендаровски кој ретко го спомнува ја обвинува дека таа била против децентрализацијата во 2004 година и истакна дека тоа не е точно..

„Е затоа умот треба да победи. Во 2004 година кога беше покренато донесувањето на оној ужасен закон за територијална организација нека провери и тој, јас бев потпретседателка на групата на незвисни експерти на Европската повелба за локална самоуправа што ќе рече брнителката на локалната демккратија и децентрализацијата. Не, не бев јас против децентрализација и тогаш и сега сум за децентрализација ама бев против вештачката неприродна територијална организација.Преку ноќ без согласност на граѓаните, на локалните власти и без почитување на 33 референдума на локално ниво за задржување на статусот на општините, беше направен демографски и изборен инженеринг и беа вештачки придодадени селски средини на урбаните.Се заборави дека ние во науката велиме ако додавате рурални средини на урбани, а разликите се огромни нема да ги урбанизирате општините, туку ќе ги рурализирате“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска посочи дека „последиците ги гледаме и денеска што вештачки во некои градови, селото го управува градот и во некои градови се вратени феудалните односи“. Рече дека „такви градови се за жал Струга и Кичево, каде однапред се знае кој ќе биде изборниот резултат“.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: