Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика денеска ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април која е може да се прочита и на веб страницата на ДЗС.
Симоновски рече дека е обврска на граѓаните да им дадат податоци на попишувачите и дека затоа пописот е ставен во законска рамка.
Користењето на податоците од пописот е во интерес на самите граѓани и на државата, затоа и се носи закон со којшто се дава обврска да се учествува во пописот, рече Симовски.
„Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себе си, и на сите граѓани во државата. Апелирам сите да го прифатат пописот, бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку во интерес на сите граѓани во државата. Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност, пред сѐ во правец на развој на општеството, од економијата, образованието или здравството, па се до секојдневниот живот на граѓаните“, рече Симовски.
Во однос на барањата за одлагање на пописот, директорот на ДЗС Симовски не сакаше да коментира, нагласувајќи дека е донесен закон со рокови за пописот што тие мора да го испочитуваат.
„Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себе си, и на сите граѓани во државата. Апелирам сите да го прифатат пописот, бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку во интерес на сите граѓани во државата. Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност, пред сѐ во правец на развој на општеството, од економијата, образованието или здравството, па се до секојдневниот живот на граѓаните“, рече Симовски.
Лицата кои што сакаат да учествуваат на пописот, а ќе се наоѓаат во странство, ќе има апликативно решение на веб-страницата на ДЗС. Апликацијата е готова и ќе биде ставена во функција на први март.
Алтернативно, за овие лица во странство може друго лице да даде податоци, нагласувајќи дека не може да се даваат лажни податоци бидејќи ваквите податоци се и лесно проверливи. Услов за самопопишување на оваа категорија на лица, како и на членовите на нивните домаќинства/семејства е Единствениот матичен број.
Можеби ќе ве интересира: