Синдикатите на првомајски протести

SSM Protesti Skopje

Сојузот на синдикатите на Македонија на Денот на трудот – 1 Мај организира првомајски протест под мотото „Работниците се државата“. Протестот ќе почне во 12 часот пред зградата на ССМ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството“, порачува ССМ во повикот за учество на протестот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци, дополнуваат од Синдикатот, треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики. Според ССМ, првомајскиот протест е единствен начин власта да го слушне гласот на сите.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38120/vremenska-prognoza-355/