Скопје се придружи кон повикот на ЕУ на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

Postaveni sinite za EU4

Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава.

– Овој прекин во непријателствата би можел да послужи како клучен чекор кон намалување на страдањето на цивилите и да овозможи простор за значајни разговори за вистински мир со цел да се стави крај на агресивната војна на Русија и да се воспостави сеопфатен, праведен и траен мир се наведува во изјавата.

Како што јави дописикот на МИА од Брисел, Калас додава дека ЕУ останува непоколеблива во својата посветеност кон сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право и ги поздравува сите напори за постигнување таков мир.

Agria

– Како и во минатото, и сега е на Русија да ја покаже својата подготвеност да постигне мир, додава Калас во изјавата која е поддржана и од земјите што не се членки на ЕУ, а чии претставиници присуствуваа на вчерашниот неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Лавов – Молдавија, Северна Македонија, Норвешка, Украина и Велика Британија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: