Фудбалерите на Превалец одиграа нерешено на гостувањето во Лажани со домашниот тим, Слога, 3:3, иако на полувреме имаше водство од 2:0. Овој кикс на Превалец, и на второплaсиранит тим Башкими, кој загуби на домашен терен од Ултрас со 1:2, го искористи лидерот Големо Коњари кој со 8:0 го совлада тимот на Венец и сега шест бода предност.
Со головите на Пеце Стојанов во 32 и Давид Секуловски во 43 минута, гостите од Велес водеа на полувреме со 2:0. Во второто полуврем домашниот состав најпрво преку Самир Каришиќ во 51 минута намали на 1:2, за да Адмир Угљанин во 66 минута го израмни резултатот. Кристијан Маневски повторно донесе водство за Превалец во 68 минута, а конечниот резултат го постави Емир Каришиќ во 78 минута.
По 17 одиграни кола, Големо Коњари е лидер на табелата со 38 бода, зад него се Башкими и Превалец со по 32 бода. Токму овие две екипи се среќаваат на стадионот во населбата Превалец веќе наредното коло.