Фудбалерите на Превале го забележаа четвртиот пораз во првенството откако на гостински терен во прилепското село Лажани, загубија од екипата на Слога со резултат 5:3.
Текстот продолжува под рекламата
Домашниот состав натпреварот го заврши со девет играчи по исклучувањето на Ферис Адемовски и Виктор Стојаноски, но тоа не ги спречи да забележат триумф на Превалец. Стрелци за велешкиот тим беа Антонио Чоков, Иванче Давитковски и Бобан Дукадиновски. За домашните по два погодоци постигнаа Рамовиќ и Фазлиоски, додека еден погодок постигна Каришиќ.
Текстот продолжува под рекламата
Во последното коло Превалец го пречекува составот на Росоман, натпревар кој ќе одлучи кој ќе заврши на втората позиција на крај од првенството.
Можеби ќе ве интересира: