Словенечката полиција ја зајакна контролата врз граница поради зголеменото пристигнување на мигрантите

Slovenska Italijanska granica
Slovenska Italijanska granica

Поради зголемениот број илегалени влезови на мигранти преку границата со Хрватска, словенечката полиција денес започна нова акција на засилен надзор на границата, соопшти словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Zito akcija 640x289px

Како што изјави словенечката полиција, во првите осум месеци од оваа година се забележани повеќе од десет илјади илегални влезови, претежно во областа Ново Место и Копер, а главна цел на мигрантите е Италија.

Agria

Оваа година, Италија врати 682 лица кои нелегално влегле во Италија врз основа на договор за реадмисија, но поради технички детали, работата на мешаните словенечко-италијански полициски патроли на границата, за која е одговорна Италија, не е обновена.

Словенечката влада најави есенва промена на законот за странци, со што би се спречиле потенцијалните илегални мигранти и ќе се заостри условот за добивање азил, а следната недела во Словенија ќе се одржи состанок на министри за надворешни работи од Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија и Словенија. Најавено е дека покрај прашањето за пандемијата на коронавирусот, ќе се дискутира и за прашањето за илегална миграција и европска политика за азил.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: