Сметките за струја се зголемуваат за просечно 7,4 %, во зависност од блоковите. Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата.
Според новиот ценовник, еден киловат-час потрошена струја во висока тарифа во блокот до 210 киловати ќе чини 4.3543 денари, во блокот од 211 до 630 киловати цената е 4.693 денари за киловат, од 631 до 1.050 е 5.278 денари, а над 1.050 денари има цена од 14.0764 денари, што е двојно повисока од онаа што досега ја плаќаа овие корисници.
Содржината продолжува под рекламата
Заклучно со утре за сите домаќинства има две тарифи: ниска и висока. Во високата тарифа, од 7 до 22 часот, цената е 7,32 денари за киловат-час, а во ниската тарифа која е секоја ноќ од 22 часот до 7 наутро, како и цел ден во недела, сега цената е 3,67 денари, а со новиот ценовник од задутре ќе биде 0,6183 денари, и за неа не важат блок тарифи.
Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но од РКЕ велат дека не ги прифатиле сите нивни барања и одобриле многу помали проценти.
Можеби ќе ве интересира: