Рудникот САСА ќе плати глоба и ќе спроведе девет мерки по истекот на јаловишен материјал во Каменичка Река на 14-ти овој месец. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека откако е направен увид и констатиран прекршокот водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување, а правниот субјект Рудник САСА и Државниот инспекторат за животна средина склучија спогодба за плаќање глоба со задолжување за спроведување девет мерки, со посредство на Комисијата за спогодување на Министерството за животна средина и просторно планирање.
За правното лице Рудник САСА е изречена глоба во висина од 50.000 евра, а за одговорното лице глоба во висина од 15.000 евра во денарска противвредност.
Moжеби ќе ве интересира: