Со изведбата на претставата „Шумска болница“ и со промоцијата на истоимената сликовница во издание на издавачката куќа „Полица“ од Скопје, НТ „Ј.Х.К.Џинот“ од Велес ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот.
Претставата ќе биде изведена на 27.3.2021 година со почеток во 12:00 часот, а истиот ден ќе биде промовирана и сликовницата, чиј главен и одговорен уредник е Весна Костовска.Автор на поемата за деца од која се изведени претставата и сликовницата е Македонка Јанчевска. Адаптацијата на текстот и режијата се на Слободанка Чичевска. Драматург е Катерина Момева.
Автор на костимите и сценографијата е Филип Коруновски (кој го потпишува и дизајнот за сликовницата). Композитор е Сашко Костов. Изведбата на костимографијата, односно на маскотите е на Катерина Чукниева, додека, пак, кореограф на претставата е Филип Петковски.
Можеби ќе ве интересира: