
На штанд во центарот на Велес изведени покажни вежби за прва помош. Повод е Светскиот ден на првата помош 11-ти септември кој поради прогласените денови на жалост се одбележа на 16-ти. Вежбите ги изведоа членовите од Клубот на млади при Општинската организација.
Граѓаните на Велес можеа да видат како се прави срцево-белодробно оживување, методот: гледам, слушам, чувствувам како и преврски на рани. На вежбата се почитуваа сите протоколи за безбедност, а целта е да се подигне свеста за значењето на првата помош преку организација како Црвен крст која е водечка на ова поле во државата.
Содржината продолжува под рекламата
Освен показна вежба граѓаните добија и флаери на кој се означени сите материјали кои треба да ги има во кутијата за прва помош и одредени постапки за пружање на помош во различни ситуации.На активноста беа вклучени седум волонтери.
Можеби ќе ве интересира: